– Најмалку Четворица цивили се убиени, од кои две деца, а десет се повредени во бомбардирањето што израелската армија го изведе во северниот дел на Појасот Газа.
Израелската војска бомбардирала населено подрачје во градот Газа, објави палестинската новинска агенција ВАФА.
Во нападот се убиени 4 цивили, од кои две се деца, а десет Палестинци се повредени.
Израелските артилериски единици гранатираа цивилни станбени објекти и во градот Газа.
Во израелските брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа убиени се најмалку 37.765 Палестинци од 7 октомври досега. Меѓу убиените најмалку 15.694 се деца, 10.279 се жени, а во истиот период се повредени 86.429 Палестинци.
За повеќе од осум месеци израелски напади, големи делови од Појасот Газа се наоѓаат во урнатини, со разорена и уништена инфраструктура на палестинската енклавата, принудувајќи го населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, што доведе до акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.