Четврта жртва во невремето во Грција

Спасувачките екипи во близина на градот Домокос во централна Грција денеска извлекоа безживотно тело на маж, што воедно е и четвртата жртва во невремето „Даниел“ што од вторникот ја зафати земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за маж по кој се трагало од вчера.

Во поплавените подрачјата во текот на вчерашниот ден животот го загубија две лица, а во вторникот  беше регистрирана првата жртва.