Четирилатерален состанок во Москва за безбедноста во Сирија

Зајакнување на безбедноста во Сирија беше темата на четирилатералната средба во Москва меѓу Турција, Русија, Иран и Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

На средбата станало збор за конкретните чекори што може да се преземат за нормализирање на односите меѓу Турција и Сирија, се вели во соопштението на Министерството по средбата на турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, и шефот на Националната разузнавачка служба на Турција, Хакан Фидан, присуствуваа со нивните колеги во Москва, Русија.

„На четирилатералниот состанок за Сирија се разговараше за борбата против терористичките организации и сите екстремистички групи на сириска територија“, се додава во соопштението кое го пренесе ТРТ Балкан.

Шефовите на одбраната и разузнавањето на Турција, Русија, Иран и Сирија разговарале и за засилување на напорите за враќање на сириските бегалци во нивната земја.

Тие исто така го повторија ставот за почитување за територијалниот интегритет на Сирија.

„Како резултат на состанокот, што се одржа во конструктивна атмосфера, беше нагласена важноста од продолжување на состаноците во четирилатерален формат за обезбедување и одржување на стабилноста во Сирија и регионот во целина“, се вели во соопштението.