Четири бебиња починаа од голема кашлица во Институтот за мајки и дете во Белград, изјави за РТС д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на детската клиника при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија, Д-р Вукан Чупиќ“.
За жал, малите деца, доенчињата до 4 месеци може да развијат многу тешка клиничка слика, која кај нас заврши со смрт на четири деца“, вели д-р Вукомановиќ.
Како што додаде, едно дете моментално е на респиратор, што значи дека е многу загрозено.
– Има околу 70 деца со голема кашлица, половина од нив се хоспитализирани и тоа укажува на зголемување на децата со тешка клиничка слика – вели д-р Вукомановиќ.