Четири деца загинаа во пожар во Словачка: Застрашувачки слики, пожарот проголта сè! Прогласена вонредна состојба

Во словачкиот град Велке Шариш денеска е прогласена вонредна состојба откако најмалку пет лица, од кои четири деца, загинаа во пожар што избувна синоќа.

Градоначалникот Вилијам Кол рече дека пожарот избувнал во оддалечена ромска населба, а осум станбени згради изгореле до темел, пренесува ТАСР.

profimedia-0977274937.jpg

Пожарот зафатил околу 30 лица – дел од нив отишле кај роднини, а 11 возрасни и седум деца се во привремено сместување каде им е обезбедена храна и засолниште.

„Ќе треба да се размисли како да им се помогне на оние кои изгубија сè. Целта е да се грижиме за нив“, рече Кал.

Градоначалникот потврди дека децата кои загинале се мали и дека најстарото меѓу нив имало четири години.