Ако мислите дека размислувањето е процес кој идеално се случува кај сите луѓе, всушност се лажете!
Невронаучникот Емили Мекдоналд сподели видео на TikTok кое го привлече вниманието на речиси илјадници луѓе за начините кои го стимулираат раѓањето на нови мозочни клетки кои водат до подобри вештини за размислување.
Ако сте љубопитни за тоа кои се овие методи, еве за што се тие:
1. Правете редовно вежбање
„Се покажа дека физичката активност во природата или во теретана го зголемува нивото на протеини кои можат да помогнат во раѓањето на нови неврони“, вели Мекдоналд.
Вежбањето, дури и со низок интензитет, влијае на отчукувањата на срцето и ја зајакнува меморијата.
2. Медитација
Некои студии покажуваат дека медитацијата може да стимулира структурни промени во хипокампусот, регион каде неврогенезата (раѓањето на нови клетки) се јавува кај возрасните.
Секако, медитацијата како процес важи и за подобрување на психичката и физичката состојба, но истовремено влијае и на опуштање на мозочните клетки кои влијаат на способноста за размислување.
@emonthebrain 3 ways to boost your thinking abilities 🧠✨ Pls don’t underestimate the power of the light 🥹 Love & Gratitude to you !! Em 💖 #neuroscience #mentalhealth #wellness #selfcare ♬ original sound – emily | neuroscientist 🧠
3. Консумирајте храна богата со полифеноли
Полифенолите кои се наоѓаат во темното чоколадо, бобинките, крушите, грозјето и црвеното вино имаат антиоксидативни и антиинфламаторни моќи кои го штитат мозокот од оштетување на слободните радикали и затоа ги спречуваат невродегенеративните болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.
4. Излезете на сонце
Нивоата на протеини во мозокот се чини дека се поврзани со годишните времиња, па колку се пониски, обично од јануари до мај, толку повеќе се чувствуваме расположени.
„Сончевата светлина може да ги зголеми нашите нивоа на BDNF (невротрофичен фактор добиен од мозокот). Затоа треба што повеќе да бидете изложени на сонце“, додава Мекдоналд.
Само не заборавајте го кремот за сончање!