Здраву масти, како што се мононезаситените и полинезаситените, се важен дел од исхраната што не треба да се занемари. Овие здрави масти се наоѓаат во храната како што се масна риба (лосос), маслиново масло, јаткасти плодови и авокадо. Тие треба да се јадат често, а диететичарот Лорен Манакер откри неколку придобивки од редовното консумирање здрави масти.
Подобрување на здравјето на срцето
Вклучувањето на здрави масти во вашата исхрана е важно за одржување на здравјето на вашето срце. Здравите масти, вклучувајќи ги и мононезаситените и полинезаситените масти, помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол.
„Кога лошиот холестерол е покачен, тоа може да доведе до атеросклероза, состојба која може да предизвика срцев и мозочен удар“, тврди диететичарот.
Позитивно влијание врз работата на мозокот
Здравите масти, особено омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во рибата, јаткастите плодови и семките, играат клучна улога во здравјето на мозокот и когнитивното функционирање, известува „Јади ова, а не тоа“.
„Овие масти се суштински компоненти на структурата на мозокот кои придонесуваат за флексибилноста и интегритетот на клеточните мембрани. Оваа флексибилност овозможува подобра комуникација помеѓу невроните, подобрување на меморијата, учењето и целокупната функционалност на мозокот“, истакнува Манакер.
Подобра контрола на тежината
Здравите масти помагаат и при контрола на тежината, првенствено преку промовирање на чувството на ситост, што може да помогне во намалувањето на вкупниот внес на калории. Диететичарот тврди: „Храната богата со овие масти има поголема вредност на ситост, што ви помага да останете сити подолго време. Ова чувство на ситост може да спречи прејадување и непотребно грицкање, што е од суштинско значење за одржување на здрава тежина“.
Поддршка за имунолошкиот систем
Јадењето здрави масти го поддржува здравјето на имунитетот.
,,Овие масти придонесуваат за интегритетот на клеточните мембрани низ телото, вклучувајќи ги и имуните клетки. Овој структурен интегритет е неопходен за да им се овозможи на имуните клетки ефективно да комуницираат и да реагираат на инвазивните патогени, а со тоа да ги зајакнат одбрамбените механизми на телото”, објаснува Манакер.
Тој додава дека „омега-3 масните киселини содржат антиинфламаторни својства кои помагаат во зајакнувањето на имунолошкиот систем“.