Четири знаци кои укажуваат дека партнерот се откажува од врската: Овие ‘црвени знаменца’ не треба да се игнорираат, внимавајте!
Дали некогаш сте помислиле дека само вие се трудите да функционира една емотивна врска, а другата страна воопшто да не се труди ?
Секоја емотивна врска има подеми и падови. По слаткиот почеток и познатите „пеперутки во стомакот“ доаѓа фазата кога голем предизвик е да се одржи страста и да се преживее како пар.
Но, дали некогаш сте биле во ситуација кога сте почувствувале дека напорот е едностран ?
Иако вашиот партнер може да ве убеди дека не сте во право и дека се е во ред во вашата врска, доколку интуитивно чувствувате дека тоа не е така, обрнете внимание на неговото однесување, пишува магазинот Love Yourself Magazine и наведува четири „црвени знамиња“ кои не треба да игнорирате.
1. Емотивно е недостапен
Ако вашиот партнер не ги задоволува вашите емоционални потреби и се чувствувате како да не можете да го достигнете, очигледно не е без причина. Збунетоста и вознемиреноста што ги чувствувате често се резултат на ненадејната емоционална недостапност на вашиот партнер.
2. Избегнување дискусии
Сите парови се расправаат, но кога тоа го прават на конструктивен начин, полесно е да се дојде до решение. Во моментот кога ќе почнете да ги „туркате конфликтите под тепих“ и секој вид на дискусија изумре, време е да се запрашате во која насока оди вашата врска и дали воопшто имате иднина како пар.
3. Помала интимност
Наклонетоста и интимноста се карактеристични за вљубените парови, без разлика дали се во врска неколку месеци или повеќе години. Ако партнерот повеќе не ви покажува наклонетост, а интимноста речиси изумрела, јасно е дека не се гледа себеси во врска со вас.
4. Тој/таа е фокусиран/а на себе
Во моментот кога ќе забележите дека не сте првиот приоритет на вашиот маж или обратно, треба да се запрашате зошто дошло до промена на неговата листа на приоритети. Фокусирањето на себе, со претходен разговор со „другата половина“ е едно, но ненадејната потреба за личен раст и занемарувањето на саканата личност е нешто сосема друго.
Дали има решение ?
Без разлика колку е вознемирувачка ситуацијата, можете да се обидете да ја подобрите и повторно да се поврзете со партнерот. Првиот чекор, се разбира, е отворен разговор. Обидете се да имате отворен дијалог, со активно слушање, покажување емпатија. Добриот разговор може да ја врати довербата меѓу партнерите и да го олесни решавањето на проблемите.