Четири лица повредени во пожарот во Кочани денеска се враќаат од Бугарија на домашно лекување

Четворица од повредените од пожарот во Кочани кои беа примени во болницата Пирогов во Софија денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Шефот на Клиниката за изгореници и пластична хирургија во бугарската болница, Маја Аргирова за БТА изјави дека сите четворица пациенти се во добра состојба. Таа нагласи дека се дадени упатства за понатамошно лекување, се врши лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се оценува евентуална нова хируршка фаза.

Додека уште четворица повредени во Кочани остануваат на лекување во „Пирогов“.

Од болницата соопштија дека четирите лица кои останале хоспитализирани се во тешка, но стабилна состојба и се на интензивна нега. Се развиваат бројни интервенции за нивно подобрување.

Инаку, во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани животот го загубија 61 лице, а близу 200 се повредени. Дел од повредените се пренесени на други локации на лекување. Во Бугарија се хоспитализирани 15 повредени лица, од кои осум во болницата Пирогов и тројца во болниците во Пловдив и Варна.