Четири хороскопски знаци кои изневеруваат без грижа на совеста

Во љубовта, постојат оние кои веруваат во лојалност, почит и отворена комуникација. А потоа постојат и оние за кои правилата се само насоки – флексибилни и подложни на реинтерпретација. Астрологијата вели дека некои хороскопски знаци полесно ги поместуваат границите, особено кога станува збор за верност.

Секако, не секој припадник на еден знак е ист, но некои знаци едноставно имаат поголема тенденција да ги „тестираат“ границите без да се чувствуваат премногу виновни.

Близнаци

Близнаците се љубопитни, комуникативни и ја сакаат возбудата. Рутината брзо им станува заморна, а нивната потреба за стимулација – и интелектуална и емоционална – може да ги доведе во паралелни врски. Ако почувствуваат дека некој не ги разбира или не го следи нивниот ритам, можат да побараат внимание на друго место, без премногу вина.

Стрелец

Стрелците ја сакаат слободата повеќе од сè. Во теорија, тие можат да бидат верни, но ако почувствуваат дека некој ги „задушува“, лесно ќе најдат излез – и често без поголеми драма. За нив, изневерувањето не се чувствува како предавство, туку повеќе како момент на лична слобода. И токму затоа ретко се чувствуваат виновни – сè додека се чувствуваат слободни, сè е во ред.

Водолија

Водолиите размислуваат со своја глава и не сакаат да се вклопуваат во туѓите правила, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на класичните врски. Нивниот поглед на љубовта може да биде неконвенционален, и ако почувствуваат дека некој се обидува да ги „калапи“, може да бараат алтернативни патишта. Понекогаш им недостасува емоционална поврзаност, што ги прави склони кон врски без длабока емпатија – и без грижа на совеста ако нешто „се случи од страна“.

Овен

Овните се импулсивни и честопати се водат според моментот. Иако можат да бидат страсно лојални, ако нешто друго го разбуди нивниот интерес – физички или емоционално – можат да се најдат во ситуација што води до измама. Тие нема нужно да го планираат тоа, но ако се случи, ќе им биде тешко да признаат грешка. За нив, емоциите се поврзани со акција, а не со анализа.