– Таканаречената „Црква на канабис“ нема да биде признаена како верска заедница во Чешка, одлучи Високиот управен суд во Брно. Во образложението се наведува дека таквата црква нема никаква врска со метафизиката, не се занимава со егзистенцијални прашања и нема разбирлива етичка програма.
Судската власт со тоа ја потврди одлуката на чешкото Министерство за култура на која таканаречената „Црква“ поднесе жалба. Судот, исто така, ја доведе во прашање сериозноста на подносителите. Тоа значи дека има многу показатели дека иако подносителите наводно сакаат да користат канабис како „помагало во молитвата“, тоа веројатно е само изговор во контекст на слободата на верските обреди.
Поседувањето марихуана во Чешка е казниво, иако луѓето обично не се гонат за поседување мали количини. Канабисот се препишува за медицински цели.