Чилиќ поразен на својот рекорден настап на Австралија Опен

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ загуби на својот рекорден настап на Австралија Опен, откако денеска беше поразен во првото коло на турнирот во Мелбурн од Унгарецот Фабијан Марочан со 6-1, 2-6, 6-2, 7-5.

За Чилиќ тоа беше јубилеен 50 натпревар на терените во Мелбурн со што стана првиот хрватски тенисер во двете конкуренции со такво достигнување.

Чилиќ во главната жрепка за Австралија Опен влезе со заштитен рејтинг, а ова беше негов прв дуел против унгарскиот тенисер, кој е рангиран на 85 место на АТП листата.

Својот најголем успех Чилиќ на Австралија Опен го имаше во 2018 година кога дојде до финалето