Mанчестер Јунајтед и Лион го одиграа еден од највозбудливите натпревари во последната деценија во четврт-финалето на Лига Европа. На крајот англискиот клуб победи со 5:4 во луда завршница во 120+1 минута и на тој начин обезбеди пласман во полуфиналето .
На „Олд Трафорд“ имаше многу емоции, многумина ги отпишаа „црвените ѓаволи“ кога резултатот беше 4:2 за Лион во 109. минута, но потоа се случи чудо кое долго ќе се раскажува.
Емотивната клацкалка најдобро ја означуваат реакциите на едно момче, кое беше фатено на камера во 118. минута. Во тој момент тој беше во солзи и разочаран од целата ситуација, а по неверојатен пресврт повторно му покажа директорот на преносот.
Секако, со зборови не може да се опише среќата на младиот навивач на Манчестер кој беше сведок на целосно лудило на крајот од натпреварот.
После ова, јасно е дека фудбалот е најважната споредна работа на светот!
There were only 90 seconds difference between the two emotions! ✨✅ pic.twitter.com/9Ef7V40gUx
— Man United Fan Club (@manufcnow) April 17, 2025