ЧИСТА КОПИЈА НА ТВИТЕР !? Новата социјална мрежа на Марк Цукерберг има за цел да го ‘уништи’ Илон Маск – еве во што се разликува со Твитер!

Светски познатиот технолошки гигант Марк Цукерберг, сопственик на компанијата Мета, која е сопственичка на популарните социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, најави лансирање на нова апликација слична на Твитер.

Оваа вест предизвика големо внимание во светот на технологијата, особено затоа што социјалната мрежа Твитер е во сопственост на друг технолошки милијардер, Илон Маск.

Новата апликација наречена Threads ќе биде достапна од утре, 6. јули, преку App Store или ќе биде поврзана со социјалната мрежа Инстаграм. Насловна страница на апликацијата е веќе објавена, а според неа може да се види дека Threads ќе биде сличен на Твитер и е опишан како апликација за текстуален разговор.

Објавата покренува прашања за потенцијалната конкуренција што Threads би можела да ја постави за Твтиер. Една од клучните предности на Threads е тоа што ќе биде бесплатна, додека Твитер неодамна најави наплата за користење на популарната верификација односно – TweetDeck.