Чистка во полицијата па масакрот во Градечец: Еден месец по крвавиот поход на Сулејмановиќ, се менуваат полициските раководители (фото)

Зехрудин Хасиќ, началник на полициската управа Градачац, вчера беше разрешен со одлука на полицискиот комесар на полициската управа ТК, Џевад Корман.

По отказот Хасиќ е преместен на друга позиција во МВР ТК, пишува Аваз.

Разрешен е и неговиот заменик.

На местото на Хасиќ е назначен командантот на полициската управа во Сребреник, Един Кариќ, пренесува Српскаинфо.

Промените следеа речиси еден месец по ужасниот масакр на Нермин Сулејмановиќ, кој уби три лица во овој град. Тој ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која претходно барала забрана за доближување на монструмот затоа што ја претепал поради невкусна храна.

Потоа продолжил со крвавиот пир во кој ги убил Денис и Џингис Ондер и ранил три лица.

На крајот, опкружен од полицијата, тој се самоуби.

Промената настанала поради одредени проверки кои се вршеле во врска со Сулејмановиќ.

Претходно, полицајката Џенана Селимовиќ беше суспендирана и против неа беше поведена дисциплинска постапка.