ЧЛЕН НА ГЕРМАНСКАТА АРМИЈА ПРОДАВАЛ ИНФОРМАЦИИ НА РУСИТЕ !? Германецот понудил соработка со Русите, а неколку тајни служби го барале долго време – ова се деталите

Германски државјанин е приведен во градот Кобленц, во сојузната покраина Рајнланд-Пфалц на западот на Германија, под сомнение дека шпионирал за Русија, соопшти главното обвинителство на Германија.

Како што се наведува во соопштението, потерницата била издадена на 27. јули 2023 година, а на 9. август службеници на германската Федерална криминалистичка служба го привеле мажот и извршиле претрес во неговиот стан и работно место.

Осомничениот Томас Х. бил вработен во Федералната канцеларија за вооружување, информатичка технологија и примена на Бундесверот, која набавува и воени производи за германските вооружени сили.

Во Основното обвинителство тврдат дека – „од мај 2023 година, по своја волја, постојано се обраќал до Генералниот конзулат на Руската Федерација во Бон и до Руската амбасада во Берлин и понудил соработка“.

Истовремено, тој еднаш давал информации добиени во текот на неговите професионални активности за понатамошно префрлање во руската разузнавачка служба“, се вели во соопштението на германското обвинителство, пренесуваат тамошните медиуми.

Осомничениот веќе се појавил пред судија на Врховниот сојузен суд, кој му одредил апсење и притвор.

Истрагата е спроведена во тесна соработка со Сојузната воена контраразузнавачка служба и Сојузната служба за заштита на Уставот на Сојузна Република Германија.