Човекот на Путин е ликвидиран во Москва, мртов лежи на снег: Работеше на модернизација на руските крстосувачки ракети! Буданов имаше ,,долга” рака! (ФОТО/ВИДЕО)

Михаил Шацки, програмер кој учествуваше во модернизацијата на крстосувачките ракети за руската армија, е убиен во Москва, јавува украинската телевизија Суспилне, повикувајќи се на публикацијата на украинскиот новинар Александар Невзоров.

Шацки беше шеф на софтверскиот оддел на Марс Дизајн, подружница на државната компанија Росатом, која се занимава со експериментален дизајн.

Според украинската телевизија, Шацки бил вклучен во модернизацијата на крстосувачките ракети Х-59 на ниво Х-69, како и во развојот на нови беспилотни летала, објави Невзоров и додаде дека е „виновен за смртта на илјадници невини Украинци“.

Оваа информација во јавноста ја потврдија извори во специјалните служби, пренесува Suspilne. Низ социјалните мрежи се прошири и видео на кое наводно се гледа телото на Шацки на снег.

Невзоров објави дека Шацки бил убиен во операција на ГРУ, украинската воена тајна служба на чело со Кирило Буданов.

– Буданов има долга рака. Се чини дека никој од оние кои се виновни за геноцид врз Украинците нема да умре од природна смрт. Денес, силите на ГРУ во Москва елиминираа особено штетен криминалец – заменик-главниот дизајнер, шеф на софтверскиот оддел на Марс Дизајн, Михаил Шацки – напиша Невзоров.

Марс развиваше системи за автоматска контрола и навигација за авиони и вселенски возила за руската војска. Од декември 2017 година, компанијата работи како дел од државната корпорација Росатом. 
Пред тоа Марс беше дел од државната компанија Роскосмос.