“ЧОВЕКОТ ЌЕ МОРА ДА СЕ АДАПТИРА“ – Бил Гејтс со застрашувачка прогноза: “Глобалната температура најверојатно ќе се зголеми за повеќе од два степени“

„Глобалната температура најверојатно ќе се зголеми за повеќе од два степени“, порача денес милијардерот и филантроп Бил Гејтс на климатскиот Самит COP 28 во Дубаи.

Според научниците, порастот на температурата за два степени може да донесе опасни и потенцијално неповратни промени кои ќе влијаат на луѓето, дивиот свет и екосистемите, пренесува CNBC.

И покрај тоа, Бил Гејтс изрази надеж дека претстојниот Самит COP 28 може да донесе напредок во борбата против климатските промени.

За среќа, доволно напреднавме, така што глобалната температура нема да се зголеми, да речеме, за четири степени“, смета американскиот милијардер.

Со оглед на очекуваното зголемување на глобалната температура за повеќе од два степени, приоритет на човештвото веројатно ќе биде адаптацијата“, заклучил Бил Гејтс.