Совршениот десерт не мора секогаш да бара „планина“ од состојки. Иако е вистина дека „колку повеќе состојки, толку е подобра тортата“, можете да направите одлична торта само со три состојки. Еве како.
Состојки
8 јајца
450 грама темно чоколадо, грубо исечкано
230 грама путер, исечен на 16 парчиња
шеќер во прав или бобинки за декорација (по избор).
Подготовка
Матете ги јајцата додека не добиете средно густа смеса, а чоколадото и путерот растопете ги на двоен бојлер. Полека додадете 1/3 од смесата со јајца во смесата со чоколадо и мешајте нежно додека смесите не се изедначат. Повторете го процесот уште два пати со преостанатите јајца. Мешајте нежно додека смесите не се целосно изедначат.
Кога „тестото“ ќе биде готово, истурете го во калап за торта кој претходно сте го завиткале однадвор со два слоја алуминиумска фолија. Ставете го калапот во друг, поголем сад и ставете го во рерна загреана на 165 степени Целзиусови. Истурете топла вода во надворешниот сад (нивото на водата треба да биде на половина од калапот што ја содржи смесата за торта).
Печете 20 до 25 минути или додека не се формира многу тенка кора на врвот од тортата. Извадете ја тавата од рерна и оставете ја да се олади на собна температура. По желба, прелијте со чоколадна глазура и декорирајте со бобинки. Потоа ставете во фрижидер.