ЧУДЕСЕН ЖИВОТ ВО ЗЛАТНО СЕЛО: Овде живеат само БОГАТИТЕ, но не смеат да си заминат бидејќи ќе останат без ништо и ќе завршат на улица!
Хуакси е најбогатото „село“ во Кина и претставува неостварлив сон за многу Кинези.
Покрај урбаното планирање и економијата која не застанува ниту за момент, Хуакси е познат и по високиот животен стандард, кој се издвојува во споредба со остатокот од Кина.
За 55 години, Хуакси се претвори од сиромашно рурално подрачје во симбол на економската експанзија на земјата, отелотворена во хотелот висок 326 метри кој го краси центарот на селото. Луксузната зграда има 60 ката, 826 соби, а веќе на приземјето ќе ве пречека статуа од бик вредна 30 милиони фунти, направена од чисто злато.
Прашањето како Хуакси премина од сиромашно село до сиот луксуз што го опкружува сè уште е обвиткано со мистерија. Жителите не зборуваат за своето богатство и тоа се смета за тајна, а пристапот до медиумите е доста ограничен.
China’s #richest #village reported by foreign media: #Huaxi Village. pic.twitter.com/8EmO5DsoRM
— DragonTV🚀䒕雅official (@ShanghaiEye) June 7, 2017
Зошто ова место не е напуштено? Едноставно, ако го оставите, губите се што сте стекнале, па живеењето во ова село е буквално живеење во златен кафез.
Секој од 2.000 жители, кои официјално живеат овде, има повеќе од 143.000 долари на својата банкарска сметка и живее во замок. Всушност, сите тие живеат во сосема идентични вили.
Сепак, постои улов. Ако го напуштите селото и одлучите да се преселите на друго место, губите се што имате на вашата банкарска сметка и секако вилата, па поради тоа правило речиси никој не смее да го напушти златното село бидејќи ќе останат без ништо и заврши на улица.
Да напоменеме и дека повеќето жители работат седум дена во неделата, па се поставува прашањето каде и кога жителите можат да ги потрошат сите тие пари? Очигледно само во Хуакси.
Пред околу 30 години ова село било само едно од сиромашните кинески села со население од околу 600 жители.
Но, тогаш еден висок партиски функционер, Ву Ренбао, смислил план кој требало да донесе просперитет на селото. Набрзо основал неколку компании и ги претворил сиромашните во богати.
Медиумите се заинтересираа за Хуакси во 2004 година, кога беше објавено дека жител на селото во просек заработува речиси 18 илјади долари годишно, што е значително повисоко од она што можете да го заработите во другите кинески провинции.
За да ја покажат силата на селото, властите во 2011 година изградиле фасцинантен пасијанс на 72-ри кат, за чија изградба биле потрошени 430 милиони долари. Висината на облакодерот е 328 метри, што го прави, на пример, четири метри повисок од Ајфеловата кула.
За превоз на жителите се користи хеликоптер, така што жителите во околните градови можат да бидат таму за десет минути.
Има и голем тематски парк со копии на познати градби како Кинескиот ѕид и Забранетиот град. Исто така, клубови и барови не постојат, па многумина оправдано се прашуваат каков е навистина животот во ова пребогато, мистериозно село.
Туризмот во Хуакси е многу популарен бидејќи многумина ги интересира каков е животот во комунистичката утопија. Од друга страна, многу посетители наведуваат дека во Хуакси не може да се најдат ресторани и продавници кои се очекуваат во богат град и дека речиси нема каде да се потрошат пари.