Чудна реакција на Цеца за веридбата на Анастасија и Гудељ! Никој не ги очекуваше токму овие зборови – немаше солзи ниту радосници (фото)

Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска пристигна во Црна Гора, а веднаш потоа проговори за свршувачката на својата ќерка.

– Немаше солзи. Не плачам на тие работи, дури ни солзи радосници. Јас само се радувам на тоа. Тоа беше интимен чин меѓу нив двајца. Го гледав на видео – рече Цеца.

Цеца ја поддржа ќерка си во желбата да го земе презимето на идниот сопруг.

– Според српските обичаи, така треба да биде. Јас гп зедов и презимето на маж ми, зошто таа не? Тоа е сосема во ред, го поддржувам тоа.

-Анастасија вчера дојде од Бургас, со приватен авион. Сега треба да се ​​одмори малку – рекла Цеца.

Да потсетиме, Немања на Анастасија и’ подари незаборавна ноќ. Најпрво имаа романтична вечера, по што следеше настап со танчери и музика во живо и таа ноќ тој ја запроси.