Чудна сцена по финалето на НБА: Зошто легендарните кошаркари носеа маски за кислород?

Во првиот натпревар од финалето на НБА, Денвер на свој паркет го победи Мајами со 104:93, а по натпреварот вниманието го „украдоа“ легендарните кошаркари Чарлс Баркли и Грант Хил.

Хил и Баркли, кои сега работат како професионални коментатори на игри, носеа маски за кислород за време на програмата во живо, а брзо дојде објаснување зошто го направиле тоа.

Имено, градот Денвер се наоѓа на 1.608 метри и НБА финалињата никогаш во неговата историја не биле одиграни на толку голема надморска височина.