Чудното однесување на Бритни Спирс предизвика реакции: „Се надевам дека нема да заврши како Мерлин Монро“

Бритни Спирс повторно се најде во центарот на вниманието поради една нејзина објава. Таа на Инстаграм објави видео на кое се гледа растот на нејзините природни нокти, но многу луѓе се фокусираа на нејзиниот изглед и глас, што предизвика бројни коментари.

Пејачката истакна дека е горда на растот на нејзините природни нокти, бидејќи, како што вели, долго време има проблеми со нив.

„Немам природни нокти од седмо одделение“, рекла Бритни, но вниманието привлече фактот што користела британски акцент, што не останало незабележано.

Реакциите од луѓето на Редит беа главно негативни, а некои корисници коментираа: „Се надевам дека нема да заврши како Мерлин Монро“, „Изгледа како да се дрогира“, „Итно и треба терапија“, „Очигледно и треба надзор“, „Ова е смешно, таа веќе не може да ги каже зборовите“, „Еден ден ќе претера“. Многумина изразија загриженост за нејзиното однесување и говор.

Бритни со години е во центарот на вниманието поради своите објави и однесување, а се започна по нејзиниот ментален слом во 2007. Потоа го изгуби старателството над децата кои ги имаше со Кевин Федерлајн, а заврши под старателство на нејзиниот татко Џејми, кое траеше до 2021 година.

Пејачката на својот 43-ти роденден и официјално стави крај на бракот со третиот сопруг, моделот Сем Асгари. Двојката се венчаше во јуни 2022 година, а Сем поднесе барање за развод во август 2023 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Пред разводот, ТМЗ објави дека Сем ја обвинил Бритни за неверство, што довело до тепачка меѓу нив и тој да го напуштат заедничкиот дом.

Во ноември 2024 година, Сем беше виден во Лос Анџелес со нова девојка, Брук Ирвин, со која се држеше за рака. Гласините за нивната врска кружат подолго време, но тие допрва треба официјално да ја потврдат природата на нивната врска. Многумина на социјалните мрежи забележуваат дека Брук наликува на помлада верзија на Бритни Спирс.