Антивоспалителните, антиоксидантните и дигестивните придобивки на куркумин го прават еден од најважните додатоци во денешната холистичка медицина.
Куркуминот е активна состојка во куркумата, добро познат зачин кој со векови се користи во традиционалната индиска и кинеска медицина. Овој златно-жолт пигмент е одговорен за интензивната боја на куркумата, но уште поважно, за бројните здравствени придобивки. Куркуминот е познат по своите моќни антивоспалителни и антиоксидантни својства, што го прави ефикасен сојузник во борбата против многу здравствени проблеми.
Воспалението е природен одговор на имунолошкиот систем на повреди, инфекции или други иритации во телото. Тие претставуваат клучен одбранбен механизам на телото кој помага во борбата против патогени, како што се бактерии, вируси или габи, и придонесува за процесот на заздравување на повредите. Куркумата е одлично средство во борбата против акутните и хроничните воспаленија во организмот.
Карактеристики на куркуминот
- Ги намалува воспалителните процеси во телото
- Придонесува за одржување на функцијата на имунолошкиот систем
- Придонесува за нормална функција на срцето
- Помага при артритис и болести на зглобовите
- Помага во контролирање на дијабетесот
- Придонесува за нормална функција на црниот дроб
- Помага во регулирање на холестеролот
- Помага при заздравување на раните
- Помага при проблеми со дигестивниот систем
- Придонесува за нормална функција на нервниот систем