Чудо во чаша: „Дигалка“ со тајна состојка која ги лекува болките во мускулите

Без разлика дали сте претерале во теретана или сте се опоравувале од настинка, потребен ви е ефикасен енергетски засилувач. Уморните мускули и воспалението во телото ќе ги реши природен антибиотик – ѓумбир, кој најдобро се меша во вкусен пијалок.

Ѓумбирот е моќен азиски зачин кој го подобрува вкусот и аромата на повеќето јадења. Но, во исто време, тој е полн со хранливи материи – дури го нарекуваат и природен антибиотик – кои го забрзуваат закрепнувањето од настинки и грип, но и ги ублажуваат болките во мускулите предизвикани од вежбање и трчање.

Нутриционистите препорачуваат да се зголеми потрошувачката на овој  горчлив корен, а готвачите советуваат да се додаде во маринадите за месо и риба, како зачин во салати и чорби или да се подготви вкусен пијалок од нив. 

Состојки за пијалок од ѓумбир:

  • 250 ml овесно или кравјо млеко
  • 1/2 зрела банана
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 лажица какао
  • 1 лажица мед 

Подготовка на напиток од ѓумбир:

  1. Сите состојки се ставаат во блендер и се матат една минута.
  2. Послужете и испијте веднаш по подготовката.