Чудо под урнатините! Тинејџерка преживеала единаесет дена: „Изгледаше добро. Ги отвори и затвори очите“ (ВИДЕО)

Турските спасувачи денес извлекоа 17-годишно девојче од урнатините на минатонеделниот разорен земјотрес. Сè помалку има надеж дека под урнатините ќе најдат повеќе преживеани.

Алејна Олмез беше спасена 248 часа по земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што срамни цели градови. Низ југоисточна Турција и Сирија, бројот на загинати сега е најмалку 40.000.

„Изгледаше добро. Ги отвораше и затвораше очите“, рече рударот Али Акдоган, кој учествуваше во спасувачките напори во Кахраманмарас, град во близина на епицентарот на земјотресот.

„Веќе една недела работиме овде во оваа зграда… Дојдовме овде со надеж дека ќе слушнеме звуци. Среќни сме секогаш кога ќе најдеме живо суштество – дури и мачка“, додаде тој.

Вујкото на девојчето во солзи ги прегрна спасувачите еден по еден, пишува RFI.

„Никогаш нема да ве заборавиме“, им рекол тој.