Шакира го тролаше Трамп на Греми наградите: Џеј Ло ѝ ја додели наградата, а потоа пејачката им се обрати на толпата „Секогаш ќе се борам…“ (фото)
Колумбиската пејачка Шакира го издаде својот 12-ти студиски албум, „Las Mujeres Ya No Lloran“, на 22 март 2024 година, за кој ја освои наградата Греми за најдобар латино поп албум. За време на доделувањето на наградата, таа ја искористи можноста да го изрази своето несогласување со новата политика на американските власти.
Овој албум ја претставува нејзината прва студиска работа по седумгодишна пауза и содржи 16 песни, вклучувајќи осум нови песни, ремикс и седум претходно објавени хит синглови како „Music Sessions Vol. 53“ со Бизарап и „TQG“ со Карол Г.
Според достапните информации, албумот досега има постигнато вкупно 3,7 милијарди пуштања на платформата Spotify.
Шакира за време на промоцијата на албумот изјавила дека процесот на создавање бил „алхемиски“ и дека преку пишување и пеење песни успеала да ги трансформира своите чувства, претворајќи ги солзите во „дијаманти“, а ранливоста во сила.
По добивањето на наградата, таа ги искористи своите пет минути на големата сцена во Лос Анџелес за да ја изрази својата среќа поради освојувањето на Греми.
Сепак, таа успеа да го остави настрана сопствениот успех и да даде простор во својот говор на тема која ги тресе САД откако Доналд Трамп дојде на власт. Станува збор за проблемот со мигрантите во земјата кои Трамп планира да ги депортира, пишува Глоси.
– ,,Сакам да ја посветам оваа награда на сите мои браќа и сестри имигранти во оваа земја , сакани сте. Вие вредите и јас секогаш ќе се борам со вас“, рекла Шакира гласно изразувајќи го своето несогласување со политиката на земјата во која живее.
Пред да го заврши својот говор, таа им се заблагодари и на синовите кои од публиката ја гледаат нивната успешна мајка:
– Многу сум горд на вас за вашето љубезно срце. Ви благодарам многу што ме поддржувате на начинот на кој го правите тоа. Ве сакам и ви благодарам.
Оваа престижна награда на Шакира и’ ја врачи Џенифер Лопез, со што го одбележаа нивниот прв заеднички момент на сцената откако заедно настапија на Супер Боул во 2020 година.