Во новото интервју за Ролинг Стоун, Шакира зборуваше за раскинувањето со Жерар Пике.
Пејачката признава дека по разводот почувствувала физичка и емоционална болка.
“Болката што ја чувствував беше веројатно најлошата што сум ја доживеала во целиот мој живот. Се чувствував како некој да ме прободел во градите. Чувството беше толку реално”, рекла таа.
Таа се осврна и на песната „Monotonia“ што ја објави по раскинувањето. Во песната таа ја оплакува својата врска, а во спотот Шакира стои пред продавница и во еден момент некој ја удира со тупаница по гради.
“Се обидоа да ме спречат, ми рекоа: “Размисли. Зошто ќе се разголиш така? Тоа е премногу”. Тоа беа тешки слики, нели? “, призна таа. Шакира додаде дека нејзиниот тим ја советувал да не објавува такво видео.
За потсетување, Шакира и Пике официјално ставија крај на долгогодишната врска кон средината на 2022 година. Шакира е точно 10 години постара од поранешниот фудбалер.