Шакира откажува три концерти откако падна на сцената: Дали навистина станува збор за технички проблем?

Колумбиската ѕвезда Шакира го откажа концертот на WorldPride во Вашингтон, што е трет концерт откажан за исто толку дена поради продукциски компликации.

48-годишната пејачка требаше да настапи во Националниот парк денес како дел од WorldPride, но организаторите на настанот вчера потврдија дека концертот нема да се одржи.

„Поради компликации со претходниот концерт во Бостон, целата турнеја на Шакира не може да се донесе во Вашингтон на време за нејзиниот закажан настап во Националс Парк во сабота, 31 мај. И покрај сите напори ова да се случи, не е можно да се продолжи според планот“, изјавија тие.

Веста за откажувањето на концертот во Вашингтон доаѓа откако двата концерти на Шакира во Фенвеј Парк во Бостон беа ненадејно откажани претходно оваа недела. Таа требаше да настапи во Бостон во четврток и петок, но двата концерта беа откажани по рутинската безбедносна инспекција.

Според градската администрација, структурните компоненти на сцената не ги исполнувале прописите, што ги запрело подготовките само неколку часа пред почетокот на концертот. Иако овие проблеми беа ограничени на Бостон, проблемот сега влијаеше на поширокиот распоред на турнејата.

Продуцентскиот тим на Шакира наводно се мачел да ја премести основната сцена и опрема на време за да се подготви за настапот во Вашингтон.

Сепак, иако во соопштенијата за медиумите како причина се наведуваат технички проблеми, откажувањето доаѓа кратко време по мистериозниот пад на Шакира на сцената за време на неодамнешниот настап во Монтреал.

Инаку, таа ја започна својата турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“ во Рио де Жанеиро на 11 февруари. По првите два концерта, таа го одложи еден од настапите на турнејата на стадионот „Естадио Национал“ во Лима, Перу, поради хоспитализација поради проблеми со стомакот, додека во март откажа уште два концерта во Чиле, поради проблеми со сценската продукција.