Атрактивната Русинка Софија Жук, поранешна јуниорска шампионка на Вимблсон, реши да отвори сметка на „Onlyfans“.
После тоа, таа им се обрати на своите следбеници со следниве зборови:
“Момци, конечно дојде моментот што сите го чекавте. Ќе има многу интересни материјали”, рекла атрактивната Русинка и најавила дека фановите не треба да очекуваат објави во кои таа е целосно гола.
Убавата Софија има 23 години, а откако реши да се повлече од тенисот во 2020 година поради хронични проблеми со повреди, реши да изгради кариера како модел.
Атрактивната русокоса последниот професионален меч го одигра во 2019 година на Вимблдон, по што се повлече.
Во изминатата деценија беше еден од врвните светски таленти, своето тениско знаење го стекна во академијата на познатата Жистине Енан, а набрзо следеа успесите кои навестија блескава кариера. На 14 години ја освои првата ИТФ титула, на 15 години споменатиот Вимблдон, па тениската јавност почна да ја споредува со Марија Шарапова.
За жал, повредите ѝ оневозможија на Софија дури и да стигне до кариерата на популарната Маша, но поради нејзиниот атрактивен изглед и се отвори вратата на манекенството.
Моментално живее во Мајами и на секои шест месеци доаѓа во татковината. Исто така, таа неодамна призна дека со зголемувањето на градите добила дополнителна самодоверба, а сега решила со провокативна содржина да му угоди на машкиот дел од популацијата, а патем добро да заработи.