Ријад Шаќири од ВЛЕН рече дека Европскиот фронт има морална обврска да го поддржи Африм Гаши за претседател на Собранието бидејќи, како што рече, го поддржале Талат Џафери бидејќи и во двата случаи се работи за кандидат Албанец.
„Поради самиот факт што беше за кандидат Албанец, Алијансата за Албанците во тоа време го поддржа Талат Џафери за претседател на Собранието. Морална обврска е Европскиот фронт да го поддржува и Африм Гаши за претседател на Собранието“, рече Шаќири.