Швајнштајгер објави фотографија од својот роденден: Следеше серија навреди

Бастијан го прослави својот роденден, а на социјалните мрежи ја покажа тортата што ја доби од своите синови.

„Среќен роденден на најдобриот татко“, пишува на тортата со која е фотографиран Батјан Швајнштајгер .

Тој под фотографијата напиша: „Ви благодарам многу за многуте желби за роденден“.

Сепак, покрај честитките, имаше и низа навреди поради разводот од тенисерката Ана Ивановиќ, за кој не престанува да се зборува во последните месеци.

„Најдобриот татко, мало морген“, „Најлошиот татко“, „Драг татко, не ги оставај жена ти и децата. Вистинскиот татко секогаш мисли на брачните завети“, „Би сакал Басти и Ана да се смират“, се само некои од острите коментари.

Честитката од Ана Ивановиќ изостана, барем на социјалните мрежи каде што споделува фотографии од одмор овие недели.