ШВАЈЦАРИЈА ДОНЕСЕ НЕОЧЕКУВАНА ОДЛУКА: Ќе биде многу поевтино за сите граѓани

Швајцарските власти ги укинаа царините за увоз на индустриски производи за да ги намалат високите потрошувачки цени.

Тоа значи дека увозниците повеќе нема да плаќаат царини за производи за широка потрошувачка и за суровини, полупроизводи и машини. Остануваат на сила царините за увоз на земјоделски производи.

Со тој потег државата ќе загуби околу 600 милиони швајцарски франци (645 милиони евра) годишен приход, објави во вторникот Министерството за економски прашања (SECO).

Од друга страна, ефектот врз економијата и граѓаните е проценет на 860 милиони франци (924 милиони евра).

Во оваа сума се вклучени 490 милиони франци заштеда за фирмите на царински давачки и најмалку 100 милиони за административни постапки.

Томас Цимерман, експерт од швајцарското Министерство за економски прашања, рече дека во последните години царинските давачки сочинуваат само околу 1,5 отсто од државните приходи, а тие ја намалуваат конкурентноста на швајцарската  економија  и ги одржуваат цените високи, значително повисоки отколку во околните земји, пишува Блиц.