Шведска е чекор поблиску до членство во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја потпиша ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, која беше одобрена од парламентот, објавено е во официјалниот весник на Турција.

Турскиот парламент го поддржа пристапувањето на Шведска на гласање во вторникот. Унгарија сега е единствениот сојузник во НАТО што не го ратификуваше приемот на Шведска.

Турција го одложи одобрувањето на членството на Шведска повеќе од една година, обвинувајќи ја земјата дека е премногу мека кон организациите кои Анкара ги смета за терористички.

Таа побара отстапки од Стокхолм, вклучително и потези за борба против милитантите, известува аа .

Ердоган ја поврза ратификацијата на членството на Шведска во НАТО со одобрувањето на американскиот Конгрес на барањето на Турција за купување на 40 нови борбени авиони Ф-16 и опрема за модернизација на постојната турска флота.

Тој, исто така, ја повика Канада и другите сојузници на НАТО да го укинат ембаргото за оружје за Турција.

Претставници на американската администрација рекоа дека очекуваат релативно брза акција за продажбата на Ф-16 по ратификацијата.