СДСМ: Младите се за ЕУ, а не за изолацијата што ја нуди Мицкоски

Младите се за ЕУ, изолацијата што ја нудат Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Од СДСМ велат дека блокадата води кон нови бранови на иселување на младите, економска регресија, несигурност и очај.

„Младите во Македонија немаат време за губење, немаат 11 години за губење.

Со членството во ЕУ, младите добиваат голем број можности за подобро образование, пристап до финансии и финансирање, можности за добро платени работни места, подобар животен стандард и подобри услуги.

Младите нема да дозволат да бидат жртви на политичари без став, без визија, кои освен столчето во белата палата и желбата за власт по секоја цена, ништо добро не им мислат“, велат од СДСМ.