Одвратната војна продолжува: Јусуф Нуркиќ го нарече својот татко ѓубре

НБА играчот Јусуф Нуркиќ продолжува да води војна против неговиот татко

-Мајката блесна… А биОЛОШки родител може да биде секој- напиша Јусуф Нуркиќ на Фејсбук и така ја продолжи борбата со таткото Хариза.

Двајцата со години не се во добри односи бидејќи Јусуф застана на страната на мајка си по семејното насилство, кое неодамна му го откри на целиот свет.

Семејните проблеми на најдобриот кошаркар на Босна и Херцеговина станаа познати деновите по неговата венчавка со Емина Дуриќ.

На прославата во Дубровник на крајот на јули таткото не се појавил, а на јавноста и открил дека тоа било затоа што не бил ниту поканет на свадбата на синот.