ВИДЕО | Лионел Меси повторно ги воодушеви Американците – Аргентинецот постигна неверојатен гол и влезе во историјата на својот нов клуб, погледнете!

Американските фудбалски клубови деновиве играат во Лига купот, а во осминафиналето Интер Мајами по изведувањето пенали го победи Далас, а херој повторно беше Лионел Меси.

Аргентинецот го доведе својот тим во водство во 6. минута, по асистенција на Жорди Алба, но потоа Далас ги презеде работите во свои раце. Со головите на КинонКамунг и Веласко стигнаа до 3:1, а кога Кремаски намали на 3:2, Тејлор од Интер Мајами го врати резултатот на нерешено.

На десет минути пред крајот се постигна автогол – Фарфан намали на 4:3, а потоа на сцена стапи Лионел Меси. Имаше уште пет минути до крајот на натпреварот, Интер Мајами доби слободен удар на околу 18 метри од голот, Аргентинецот ја намести топката, мина преку живиот ѕид и погоди за 4:4. Тој резултат стоеше до крајот на натпреварот и без продолженија започна пенал-рулетот каде подобри беа фудбалерите на Интер Мајами и го победија Далас со резултат 5:5.

Иако Лионел Меси одигра само три и пол натпревари за Интер Мајами, со оглед на кратката историја на клубот, тој се искачи на четвртото место на вечната листа на стрелци на клубот од Мајами. Аргентинецот има седум гола, а пред него се Гонзало Игуаин со 29, Леонардо Кампана со 16 и Роберт Тејлор со осум гола.