Шведската Влада која палењето на Куранот го смета како „слобода на изразување“, не може да ги спречи злосторствата од омраза засновани врз религиозна основа, што предизвикува вознемиреност кај Евреите и муслиманите.
Шведската Влада која палењето на Куранот го смета како „слобода на изразување“, не може да ги спречи злосторствата од омраза засновани врз религиозна основа, што предизвикува вознемиреност кај Евреите и муслиманите.
Според последниот извештај на Националниот совет за спречување на криминалот од 2021 година, кој дејствува во состав на шведското Министерството за правда, 51 отсто од сите злосторства од омраза врз религиозните групи се антимуслимански, 27 отсто се антисемитски, 11 проценти се антихристијански, а 11 проценти од насилствата се врз други групи.
Додека антисемитските злосторства од омраза главно се извршени на социјалните медиуми и на извори кои се јавно достапни, поголемиот дел од антимуслиманските насилства претставуваат малтретирања и подбуцнувања.
Жените се повеќе на нишан од мажите во злосторствата од омраза кон муслиманите и Евреите.
Од друга страна, во Извештајот за религиозната слобода во 2021 година објавен од страна на Стејт департментот на САД, се посочува на овие податоци, при што се наведува дека голем број злосторства од омраза од различни причини не биле пријавени во полиција.
– „Антисемитизмот станува нормална работа во Шведска“
Истражувањето на Агенцијата за фундаментални права (FRA) на Европската Унија (ЕУ) во кое учествуваа повеќе од 16.000 луѓе од 12 земји членки на Унијата покажа дека „антисемитизмот на вознемирувачки начин се нормализира“ во Шведска.
Четириесет отсто од испитаниците од Шведска изјавија дека доживеале антисемитско вознемирување во период од последните пет години пред спроведувањето на истражувањето, а речиси една третина од испитаниците изјавиле дека доживеале антисемитско вознемирување во последните 12 месеци.
Покрај тоа, 39 отсто од испитаниците рекле дека се загрижени од можноста да бидат жртва на антисемитско вербално малтретирање или вознемирување во рок од 12 месеци, а 27 отсто стравуваат дека би можеле да бидат жртва на физички напад во истиот период.
– Бран кој расте со Шведската демократска партија
Откако екстремно десничарската Демократска партија на Шведска доби 17 отсто од гласовите на изборите во 2017 година и 20 отсто од гласовите во 2022 година, се зголеми бројот на антисемитски инциденти во земјата.
Во Шведска каде што живеат 15.000 Евреи, Малме е град во кој се случуваат најголем број антисемитски испади. Антисемитизмот продолжува да еруптира во одредени интервали во градот.
Според истражувањето што ЕУ го спроведе во 2019 година, во Малме, еден од градовите кои се истакнуваат во антисемитизмот, антисемитските случаи се зголемени за 70 отсто во последните пет години.
Во извештајот се наведува дека бројот на членови во синагогите во Малме е намален на 500 од 2.500 во последните 20 години.
Шведската Влада по реакциите за ситуацијата во Малме се обиде да го подобри својот имиџ со тоа што во градот го организира Форумот во знак на сеќавање на холокаустот и за борба против антисемитизмот.
Додека во градот во 2021 година се одржуваше Форумот за борба против антисемитизмот, синтагмата „Холокаустот беше измама“ беше проектирана на синагогата во Малме. Одговорноста ја презеде неонацистичкото Скандинавско движење на отпорот.
– Шведска низ очите на Евреите
Претставниците на еврејските организации својата загриженост за ситуацијата во Шведска повремено ја изразуваат преку отворени извори.
Според Џонатан Гринблат, претседател на Унијата за борба против клеветата и негирањето (ADL), шведските Евреи се загрижени поради антисемитизмот во земјата и не се чувствуваат сосема комфорно кога е потребно да кажат дека се Евреи.
Бренда Катен, која работи на прашањето за интеграција на имигрантите и е претседател на Здружението на Израел, Обединетото Кралство и на Заедницата на англиските народи, рече дека и нејзе ѝ е тешко да живее во Шведска како Еврејка. Катен верува дека членовите на еврејската заедница се соочуваат со растечки антисемитизам во Шведска и живеат во страв од физичко или вербално малтретирање.
Моше Кантор, поранешен претседател на Светскиот еврејски конгрес (WJC), на Европскиот совет за толеранција и помирување и претседател на Светскиот форум за холокаустот, истакна дека голем дел од еврејската заедница го напуштила градот поради антисемитските случаи забележани во земји како што е Шведска во последниве години.
Кантор, цитирајќи една стара Швеѓанка која вели дека „Шведска никогаш порано не била антисемитска, се сменила“, вели дека Шведска е известена за проблемот, дека ѝ се предложени решенија и сега е потребно да се види реализацијата на тие планови.
Сијавош Дерахти, кој спроведува активности против антисемитизмот и ксенофобијата, соопшти дека Шнеур Кеселман, рабинот од синагогата во Малме, бил плукнат додека одел и на главата му било фрлено шише со вода. Зборувајќи дека Евреите ја напуштиле Шведска бидејќи наишле на такви антисемитски случаи, Дерахти вели дека популацијата на еврејската заедница во Малме е намалена за 50 отсто во последните 10 години. Според Дерахти, антисемитизмот го загрозува постоењето на малцинствата во Малме.
Еден од неодамнешните случаи во Шведска, кој беше опишан како антисемитски, е поврзан со Ребека Фаленквист, една од високите фигури на екстремно десничарската Демократска партија на Шведска. Фаленквист, која го употреби изразот „неморална“ за Ана Франк, која како мала почина во нацистичкиот концентрационен логор и е позната по дневникот што го водела, доби интензивни реакции во Шведска и странство. По реакциите што уследија, беше започната дисциплинска постапка, по што нејзината партија беше принудена да ја разреши од функцијата.
Еден од случаите што беше на дневен ред во земјата беше случајот со еврејските лекари, кој започна во 2019 година и продолжи до крајот на минатата година. Според вестите објавени во шведските медиуми, тројца еврејски неврохирурзи кои работеле во Универзитетската болница „Каролинска“, на социјалните мрежи биле малтретирани од нивниот претпоставен, познат по својата антисемитска реторика. Додека двајца од лекарите ја напуштиле болницата, третиот лекар имал некои опструкции од неговиот претпоставен. Раководството на болницата го отпушти претпоставениот на лекарите по двегодишни поплаки. Сепак, еврејските лекари тврдеа дека малтретирањето во болницата продолжило. Во меѓувреме, шведскиот суд за труд на 1 септември 2022 година пресуди дека не е законско оправдување отпуштањето на претпоставениот, обвинет за антисемитизам.
– ОН предупредуваат дека Шведска треба да ги засили напорите за борба против системскиот расизам
Делегација на независни експерти назначена од страна на Советот за човекови права на ОН ја посети Шведска на 4 ноември 2022 година. Експертите за расна правда и еднаквост, Трејси Киси, Ивон Мокгоро и Хуан Мендез имаа средби во Стокхолм, Малме и Лунд.
Независните експерти од Советот ја повикаа Шведска да ги засили напорите за борба против систематскиот расизам и да се фокусира на стратегии за враќање на довербата меѓу полицијата и малцинските групи.
Експертката Трејси Киси наведе дека голем број луѓе се загрижени поради интеракциите на нивните заедници со полицијата. Киси, исто така, истакна дека е потребно проширување на персоналот на начин на кој шведската полиција ќе биде одраз на мултикултурното општество.