Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против шест лица за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, осомничените, на 10 февруари, нападнале тројца униформирани полициски службеници кои преземале службени дејствија на спроведување на лице до Основниот суд во Битола. Тие ги удирале полицајците со клоци и тупаници по телото, нанесувајќи им телесни повреди.
Јавниот обвинител, до судијата на претходна постапка, доставил предлог за определување мерка притвор на осомничените