Шест агенти на Тајната служба кои беа на должност за време на атентатот врз Доналд Трамп минатата година на предизборен митинг во Пенсилванија се суспендирани од 10 до 42 дена, објави агенцијата.
Тајната служба не ги идентификуваше агентите, ниту ги откри точните причини за нивната суспензија , објави Ројтерс.
Вооружен напаѓач отвори оган на митинг во Батлер, во американската држава Пенсилванија , на 13 јули 2024 година, на сцената додека Трамп, тогашен претседателски кандидат, зборуваше.
Напаѓачот стигнал до блискиот покрив од кој имал директен поглед на сегашниот претседател.
Трамп беше ранет , очевидец – пожарникарот Кори Комператоре загина заштитувајќи го своето семејство, а напаѓачот беше убиен.
Против Тајната служба беа покренати повеќе истраги , а директорката на Тајната служба на САД, Кимберли Читл, поднесе оставка .
Во интервју што ќе биде емитувано во сабота, Трамп рече дека Тајната служба направила грешка што не поставила агент на покривот и што не ја вклучила локалната полиција во комуникацискиот систем.
„Значи, беа направени грешки. И тоа не требаше да се случи“, рече тој во интервју за Фокс њуз.
По атентатот во Батлер, маж со пиштол се криел во близина на голф теренотво Флорида, во сопственост на Доналд Трамп, со намера да го убие тогашниот републикански претседателски кандидат.