Судот во Москва денеска ја осуди членката на руската опозициска група „Пуси Рајот“ и поранешна општинска пратеничка, Луција Штејн на шест години затвор, соопшти судот.
Штајн беше прогласена за виновна за ширење „лажни воени вести“ во врска со објава од март 2022 година на мрежата „Х“ во која таа ги обвини руските војници заробени од Украина за „бомбардирање на странски градови и убивање луѓе“.
Судот најави дека таа ќе биде испратена на отслужување на казната штом ќе биде екстрадирана во Русија.
Неколку недели по почетокот на војната, Штејн побегнала од домашен притвор во Москва со нејзината партнерка и соработничка од „Пуси Рајот“, Марија Аљохина, по што го напуштиле градот маскирани како доставувачи на храна и стигнале до Литванија.
Двете добија исландско државјанство во мај 2023 година, каде што се населиле.