Шест жртви во напад врз училиште во Газа

 – Најмалку шест лица загинаа кога училиште беше погодено за време на воздушни напади во бегалскиот камп Ал-Магази во Појасот Газа, соопштија Обединетите нации.

Во нападот се повредени десетици лица, а се смета дека бројот ќе се зголеми, се вели во соопштението на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA).

– Ова е ужасно и повторно покажува флагрантно непочитување на животите на цивилите … Ниту едно место повеќе не е безбедно во Газа, дури ни објектите на УНРВА, се додава во соопштението.

УНРВА не обвинува ниту една страна, но вели дека нападот се случил за време на израелското бомбардирање на Појасот Газа.

– Најмалку 4.000 луѓе се засолниле во ова училиште на УНРВА. Тие немаа и се уште немаат каде да одат на друго место, истакнува Агенцијата на ОН.