Русите во оваа насока напредуваа два километри: Расчистен е значаен дел

Разузнавачките служби на Западниот воен округ во последните неколку дена напредуваа за два километри на делот од фронтот кон Кремен во Донбас, јавува дописникот на Спутник од местото на настанот.

– За три дена имаше напредок од повеќе од два километри, не само овде, туку на сите делници во овој регион. Значителен дел од шумата е „исчистен“ – изјави припадник на Западниот воен округ кој учествува во операцијата.

Ситуацијата во правците Сватов и Кремен во Донбас се засили минатата есен. Украинската армија редовно го гранатира Кремен и периодично се обидува да ја пробие одбраната во таа област.