Шест лица го загубија животот изутринава во пожар во хотел во источна Кина, јавија локалните медиуми.
Вкупно 28 лица се повредени и пренесени во болница. Двајца од нив се тешко повредени, но не се во критична состојба, објави кинескиот весник „Пекинг Чингнианбао“.
Пожарот избувнал во објектот лоциран во населбата Вајтанг во Сужоу, метропола со околу 12 милиони жители западно од Шангај и најнаселен град во кинеската провинција Џиангсу.
Потребен бил околу еден час за да се изгасне огнот. Засега не се познати причините за пожарот.