ШЕФИЦАТА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА СО ЈАСНА ПОРАКА – Урсула фон дер Лајен порача: “Тоа е тероризам! Тоа е акт на војна“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес го оквалификува нападот на палестинската милитантна организација Хамас како ладнокрвен акт на војна.
Говорејќи на состанокот на европските комесари, Урсула фон дер Лајен, исто така, го поддржа целосниот преглед на мултимилионската финансиска поддршка на ЕУ за палестинските проекти.
„Мораме да бидеме јасни во дефинирањето на овој вид ужас. И може да има само еден одговор на тоа. Европа стои со Израел. И ние целосно го поддржуваме правото на Израел да се брани“, порача Урсула фон дер Лајен.
Во саботата, Хамас упадна на границата на Израел околу Појасот Газа и започна напади врз цивилни и воени цели, оставајќи повеќе од 1.200 мртви. Израел одговори со артилериски и воздушни напади, а властите во Појасот Газа проценуваат дека загинале повеќе од 900 Палестинци. Повеќето светски лидери, вклучително и оние од земјите-членки на ЕУ, одговорија со изрази на солидарност со Израел.
„Тоа е тероризам. И тоа е акт на војна“, порача Урсула фон дер Лајен.