Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ја посети Словенија погодена од поплавите и рече дека е неопходно соодветно да се дејствува и да се гради во согласност со екстремните природни настани што се последица на климатските промени.
Фон дер Лајен го посети подрачјето погодено од поплавите во Словенија и се сретна со премиерот Роберт Голоб.
Во таа пригода таа рече дека многу ја погодило кога на самото место видела колкава е штетата.
Таа потсети дека земјите од Европската Унија пратиле хеликоптери, модуларни мостови и багери и дека ќе продолжат да праќаат помош за својот сојузник Словенија.
Фон дер Лајен нагласи дека катастрофата е предизвикана од климатските промени, но дека штетата не може да се објасни само со тоа и нагласи дека е неопходно да се гради во согласност со сѐ почестите екстремни природни настани.
Најмалку шест лица загинаа во поплавите што ја погодија Словенија во последните денови.