Шефицата на француската дипломатија Катрин Колона ја повика Кина да ги намали тензиите во Јужното Кинеско Море и додаде дека „на светот не му треба нова криза“.
Пекинг ги засили воените вежби во стратешки важниот Тајвански теснец, а кинеската крајбрежна стража беше обвинета за малтретирање филипински рибарски чамци во спорните води.
Австралија, исто така, минатиот месец го критикуваше Пекинг за „небезбедно и непрофесионално“ однесување на море, велејќи дека еден од нејзините поморски нуркачи бил повреден од сонарни импулси од блискиот кинески воен брод.
„Секако дека сме загрижени за она што се случи со австралиската морнарица пред неколку дена, како и за она што се случи со Филипините пред неколку недели“, изјави Колона за новинарите во Канбера.
Според неа, низ Тајванскиот теснец мора да владее смиреност и стабилност, а на светот секако не му треба нова криза.