Шефовите на дипломатија на Турција, Иран и Русија одржаа средба во рамките на платформата Астана

– Министрите за надворешни работи на Турција, Иран и Русија одржаа трилатерална средба во Њујорк во рамките на платформата Астана за решавање на кризата во Сирија, во која владее војна.

Министерството за надворешни работи на Турција на социјалната мрежа Х објави дека шефот на турската дипломатија Хакан Фидан продолжил со спроведувањето средби на маргините на 78. заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Објавена е и фотографија на министерот Фидан со рускиот колега Сергеј Лавров и нивниот ирански колега Хусеин Емир Абдулахијан.

Паралелно со овие контакти, министерот Фидан во Турскиот културен центар „Туркеви“ во Њујорк се состана и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан Ал Сауд.