Шефовите на турската и американската дипломатија разговараа за проширување на НАТО и на Црноморскиот коридор за жито
Хакан Фидан и Антони Блинкен разговараа и за спротивставување на заканата од синтетички дроги.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговараше на повеќе теми со американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Неименуван дипломатски извор изјави дека шефовите на турската и американската дипломатија Фидан и Блинкен во телефонски разговор размениле мислења за проширувањето на НАТО и договорот за извоз на жито од Украина преку Црното Море.
Фидан и Блинкен разговараа и за соработката во борбата против заканата од синтетички дроги и претстојниот меѓународен состанок за ова прашање, чиј домаќин ќе биде САД на 7 јули.