Шефовите на ЦИА и британската тајна разузнавачка служба (МИ6), Вилијам Барнс и Ричард Мор денеска изјавија дека „да се одржи курсот“ кога станува збор за поддршката на Украина сега е поважно од било кога, ветувајќи дека ќе продолжи соработката на ова поле.
Ова го изјавија во заедничка статија за Фајненшл тајмс, пренесува Ројтерс.
„Партнерството лежи во срцето на посебните односи меѓу нашите земји“, напишаа тие, истакнувајќи дека нивните агенции прославија 75 години партнерство пред две години.